Нејмар доаѓа во Мадрид? Реал ќе изброи 300 милиони евра за Бразилецот

Европскиот првак Реал Мадрид не реализираше спекракуларен трансфер ова лето, иако имаше најави за неколку имиња. Пристигна белгискиот голман Тибо Куртоа од Челси, но фамовите бараат нов напаѓач на „Сантијаго Бернабеу“. Мегатрансферот може да се случи до крајот на летниот преоден рок. Бразилецот Нејмар е големата желба на претседателот Флорентино Перез, кој сака да ја искористи ситуацијата со финансискиот фер-плеј во Пари Сен Жермен.

Можно е „светците“ да мораат да продаваат мегаѕвезда за да се спасат од казна, а Реал Мадрид е подготвен да урива нови рекорди и ќе понуди неверојатни 300 милиони евра за ангажман на Нејмар. Досега рекорден е трансферот на Бразилецот Нејмар од Барселона во ПСЖ за сума од 222 милиони евра.

Се вчитува...