Нејмар: Доколку е потребно, ќе умрам на теренот за да обезбедам финале во Лигата на шампионите

Бразилецот Нејмар изјави дека никој во Пари Сен Жермен не се откажал од финалето на Лигата на шампионите, иако „светците“ беа поразени на домашен терен со 2-1 од Манчестер сити во првиот полуфинален натпревар.

Далеку дека е од невозможно, но во моментов се чини дека Пари Сен Жермен има многу мали шанси да се најде во финалето на Лигата на шампионите втора година по ред. Тимот на Покетино беше поразен на свој терен на првиот полуфинален натпревар, а на реваншот неизвесен е еден од клучните играчи, Килијан Мбапе, поради повреда.

На првиот натпревар, Мбапе и неговиот партнер од врвниот напад, Бразилецот Нејмар, потфрлија. Двајца играчи од кои секогаш се очекува најмногу во Париз.

Нејмар, кој своевремено ја освои Лигата на шампионите кога беше подобар од Јувентус со Барселона во 2015 година во Берлин, сега сака ново финале со ПСЖ. За почеток, неговиот тим мора да го елиминира Манчестер Сити, што нема да биде воопшто лесно по поразот на првиот натпревар на „Паркот на Принцовите“.

„Пред нас е многу тешка игра против Манчестер Сити, но мора да веруваме, без оглед на статистиката или процентот на шанси за победа. Мислам дека секој Парижанец мора да верува во нас. Јас сум на фронтот и ќе бидам првиот воин кој ќе влезе во битка за тимот. Ќе дадам се од себе, ќе направам се што можам за да се пласираме во финалето. Дури ако треба и ќе умрам на теренот“, изјави Нејмар.

Се вчитува...