Нејмар ем избркан од прославата, ем ќе добие казна

ПСЖ со денешниот триумф над Рен стигна до 60. трофеј во клупската историја, но дамка на јубилејот остави одбивањето на Нејмар да се слика за заедничката фотографија со пехарот.

Бразилецот одбива да игра за „светците“ и мечот го гледаше од трибините, но за време на церемонијата се спушти на теренот со соиграчите. Кога дојде време за овековечување на прославата, Нејмар одби да застане крај екипата и покрај бројните молби на Верати, за на крајот да му дојде преку глава на Мбапе, кој го турна Бразилецот бркајќи го од местото на фотографирање.

Конфликтот не завршува овде, откако и претседателот Насер Ал Келаифи се вмеша најавувајќи казна за бразилскиот голгетер.

„За целата ситуација ќе дискутираме од понеделник, сега е момент за славење. Сепак, сакам да бидам јасен дека нема да го толерираме однесувањето на Нејмар“ – порача првиот човек на ПСЖ.

Јасно е дека „светците“ едвај чекаат да најдат причина за да го санкционираат непослушниот напаѓач, но со тоа уште повеќе се разгоруваат страстите. А време за трансфер во Барселона има се помалку.

Се вчитува...