Нејмар ги „пецна“ медиумите: Бев пијан, затоа играв добро

ПСЖ синоќа успеа да слави над Лориент со 5-1, а бразилскиот интернационалец Нејмар постигна два гола. Неговиот втор гол во 90. м инута беше атрактивен. Прими топка на својата половина, ги измеша одбранбените играчи и одигра двојно со Мбапе, на крајот се запиша во листата на стрелците.

После натпреварот на својот Инстаграм, Нејмар стави порака со својот гол: „Ова успеа затоа што бев пијан… Како што некои би рекле“.

Пред неколку недели францускиот новинар Даниел Риоло го привлече вниманието на целата јавност откако тврдеше дека Нејмар има непрофесионален пристап и дека на тренинзите се појавува во алкохолизирана состојба. Нејмар со ова сакаше да го искаже својот револт кон тие пишувања.

Се вчитува...