Нејмар ги пропушта првите три натпревари во ЛШ следната сезона

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Нејмар заработи казна од три натпревари поради навредите упатени кон главниот судија на реванш мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед, кој неговиот тим го загуби со 1-3.

Поради казната што ја доби на натпреварот на „Паркот на принцовите“, Бразилецот ќе мора да ги пропушти првите три натпревари од групната фаза во елитното европско фудбалско натпреварување следната сезона.

Тимот од главниот град на Франција последните години има големи амбиции за освојување на континенталното натпреварување, но последните сезони прерано го завршуваа настапот.

Се вчитува...