Францускиот првак Пари Сен Жермен оствари минимален триумф (0-1) на гости против Бордо и се зацврсти на првата позиција на табелата во шампионатот со 18 бода, два повеќе од Нант. Повторно Бразилецот Нејмар беше човек на одлука и творец на победничкиот гол. Тој успеа да ја затресе мрежата на Бордо во 70.минута по доброто проигрување од Килијан Мбапе.
„Светците“ сепак беа доминантни на овој дуел, а домаќинот Бордо имаше само еден директен удар кон голот на Кејлор Навас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА