Нејмар го победи коронавирусот

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар потврди дека последниот тест направен на коронавирус бил негативен и дека тој и официјално го победил опасниот вирус. Нејмар беше само еден од фудбалери на „светците“ кои по лудувањето на Ибица се заразија со Ковид-19, а меѓу нив се и Анхел ди Марија, Килијан Мбап, Кејлор Навас…

Поради Ковид ситуацијата Томас Тухел на вчерашниот прв натпревар во Лига 1 сезонава против Ленс мораше да излезе со комбиниран тим кое го чинеше три бода, бидејќи Ленс успеа да стигне до сензационална победа од 1-0.

 

Се вчитува...