Бразилскиот ас Нејмар замина во посета на легендарниот Пеле, кој се опоравува од изнемоштеност во клиника во Париз. 78-годишниот Едсон Арантес до Насименто Пеле пред неколку дена беше специјален гостин на фудбалска промоција во градот на светлината заедно со Килијан Мбапе, по што здравствената состојба му се влоши и тој беше згрижен во приватна клиника во Париз.
Откако Пеле малку закрепна, доби повик од сонародникот Нејмар, кој го посети и му посака успешно опоравување. Нејмар во Бразил го сметаат за наследник на легендарниот Пеле. Тој исто така се опоравуваше од повреда, а пред два дена се приклучи на тренинзите на Пари Сен Жермен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА