Загубениот трофеј во Купот на Фрација по поразот на пенали од Рен ја зголемува нервозата во редовите на Пари Сен Жермен, а особено кај Нејмар. Бразилецот кој доби три меча суспензија поради пцуењето на судијата по дуелот со Манчестер Јуанјтед во Лигата на шампионите, влезе во нов проблем.
При предавањето на медалите за второто место, Нејмар влезе во конфликт со навивач кој го снимаше и многу веројатно го испровоцира. Ѕвездата на ПСЖ реаграше неумесно, го оттурна телефонот, а потоа замавна и кон навивачот.
Видеото од инцидентот експресно се прошири низ интернет просторот.
Neymar has digressed so much ever since he left Barcelona. The fan did cross a line but Ney should have acted in a professional manner as such actions won’t bring him any good. It’s just a shame to see one of the best talents being wasted like this. P$G?? pic.twitter.com/G0YDfuLgfw
— SJ (@SweeperWriter) April 28, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА