Нејмар и Мбапе го решија Бордо (ВИДЕО)

ПСЖ стигна до нов триумф во француското првенство, откако вечерва шампионот и главен фаворит за титулата го совлада Бордо на гости со 1:3. Творци на головите беа Нејмар и Мбапе, а стрелецот на третиот гол Мбапе запиша и две асистенции.

Нејмар погоди најпрво во 26. минута, а потоа во 43. минута за убедливи 0:2 на полувремето. Мбапе во 63. минута погоди за 0:3, а Елис намали на 1:3. Во финишот на средбата нов гол на Бордо преку Нианг, но немаше време да се стори нешто повеќе.

Париѓаните после 13 кола веќе имаат предност од 10 бодови зад второпласираниот тим на Ленс.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...