Пред два дена шпанските медиуми излегоа со вест дека Нејмар го договорил својот „кам-бек“ во Барселона. Бразилецот е на излезна врата од ПСЖ и враќањето во Каталонија е реална опција, но понудата од Саудиска Арабија може да ги расипе плановите на Шпанците.
Ал-Хилал подготвува богата понуда до ПСЖ за услугите на Бразилецот, понуда која е далеку подобра од онаа на Барселона, и токму тоа може да биде проблем за враќањето на Нејмар во својот поранешен клуб.
Исто така Ал-Хилал ќе му понуди и далеку подобра плата, со оглед дека можностите на Барселона се ограничени поради почитување на финасискиот фер-плеј. Сега надежта на „Каталонците“ е само Нејмар да ја избере Шпанија пред милионите од Саудиска Арабија, меѓутоа тука се прашува и Барселона која треба да плати отштета, затоа што Бразилецот е под договор со „светците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА