Нејмар изеде „ќотек“ како никој во последните 20 години

Една од причините за слабиот старт на Бразил сигурно е и потпросечниот настап на Нејмар, но и грубата одбрана што швајцарските фудбалери ја играа против најдобриот играч на „кариоките“.

Нејмар како и вообичаено настојуваше што подолго да ја држи топката кај себе, а Швајцарците го користеа тоа за ситни, а по потреба и нешто погруби прекршоци, со кои успеаја целосно да го исфрлат од ритам.

Бројката од десет претрпени прекршоци е мундијалски рекорд за последните дваесет години, а претходно повеќе фаули на еден меч се направени само врз Алан Ширер, кој претрпе 11 фаули на дуелот против Тунис на СП 1998 во Франција.

Се вчитува...