Нејмар ќа паузира еден месец

Бразилскиот ас Нејмар ќе паузира еден месец од фудбалот по повредата на скочниот зглоб што ја заработи на пријателскиот натпревар против Катар. Ова е добра вест за тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, со оглед дека тој навреме ќе се опорави за стартот на подготовките за новата сезона.

Во меѓувреме и понатаму продолжуваат шпекулациите за можното враќање на Нејмар во Шпанија. Претходно тој беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид, а по доаѓањето на Еден Азар на „Сантијаго Бернабеу“, сега повторно е во опција за враќање во редовите на Барселона.

Се вчитува...