Нејмар ќе добие шест милиони годишно за да биде учтив

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар годишно ќе добива од тимот бонус од шест милиони евра доколку по секој меч ги поздрави навивачите на клубот. ПСЖ сакаше да се обезбеди и ѕвездата да ја држи под контрола така што Бразилецот има обврска да биде учтив, редовен и точен на тренинзите, љубезен на прес-конференциите, а забрането му е во јавноста да говори лошо за клубот.

„Ел мундо“ тврди дека Нејмар до 2025 година кога му истекува договорот со клубот ќе заработи неверојатни 489.228.117 евра. Бразилскиот репрезентативец во 2017 потпиша петгодишен договор со клубот од Париз вреден 43.3 милиони евра, а неодамна стави потпис на нов договор до крајот на сезоната 2024/2025 година.

 

Се вчитува...