Нејмар кризира во Лигата на Шампионите (ФОТО)

Дербито на петото коло од Лигата на Шампионите му припадна на Манчестер Сити кој со 2-1 славеше над ПСЖ на „Етихад“. Англискиот тим беше подобриот противник во првото полувреме, но не стигна до погодок во мрежата на парижани, а промашените шанси на домаќинот ги казни Мбапе во 50. минута.

Сепак до крајот на средбата Манчестер Сити успеа да направи целосен пресврт со головите на Стерлинг и Габриел Жезус, а трагичар за гостите беше Нејмар кој пропушти одлична прилика за изедначување на 2-2. Бразилецот кој во текот на натпреварот се караше со соиграчите, по завршувањето на истиот наиде на жестоки критики од француската јавност.

Покрај тоа што 29-годишникот го нема во одбраната, сега кризира и во нападот. Имено, на последните седум средби бразилскиот напаѓач нема постигнато гол, ниту пак асистирано до соиграчите, што за него е најдолга „црна низа“ во кариерата.

Се вчитува...