Нејмар зборуваше за бразилската репрезентација и неговиот став околу тоа дали ќе настапи на Мундијалот. Искусниот офанзивен играч се мачеше со повреди во претходните години, особено откако ги скина предните вкрстени лигаменти додека беше член на Ал Хилал.
Нејмар беше вклучен во проширениот список за Светското првенство, но ќе видиме дали Карло Анчелоти ќе го вклучи во конечниот, кој се очекува наскоро да биде објавен.
„Физички се чувствувам одлично. Се подобрувам со секој натпревар. Дадов се од себе, но не беше лесно. Признавам, не беше лесно. Беа години напорна работа, но и многу глупости што се кажаа за мојата состојба и она што го правев. Навистина е тажно како луѓето зборуваат за тоа. Работев напорно, тивко, дома, страдав поради она што го кажуваа луѓето, но на крајот се се исплатеше. Стигнав таму каде што сакав да бидам. Задоволен сум од моите настапи, од се што направив досега. Што и да се случи, Анчелоти дефинитивно ќе ги повика најдобрите 26 играчи за Светското првенство“, рече Нејмар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
