Нејмар: Мбапе го направи вистинскиот избор

Одлуката Килијан Мбапе да ја продолжи соработката со ПСЖ предизвика големо задоволство кај навивачите, но и кај соиграчите кои на прославата по последниот натпревар во сезоната имаа само пофални зборови за младиот Францизин.

Еден од нив беше и Нејмар кој изјави дека Мбапе ја донел вистинската одлука.

„Мбапе направи вистински избор. Ова е негов град, негов клуб. Одушевен сум што и следниот период ќе играме во ист тим. Не треба ни да се каже дека тој е еден од најдобрите во светот“, изјави Нејмар.

Се вчитува...