Нејмар на излезна врата од Париз, „светците“ веќе го понудиле на Јувентус!

ПСЖ и дефинитивно сака да се ослободи од најскапиот светски фудбалер Нејмар за кого пред пет години платија 222 милиони евра за да го донесат од Барселона, па „светците“ веќе го понудиле Бразилецот на италијанскиот гигант Јувентус, пренесува шпански „АС“.

Според мадридскиот весник менаџерите на Нејмар веќе започнале преговори со Јувентус, но прашање е колку „старата дама“ ќе може да ги исполни финансиските барања на ПСЖ и на Бразилецот, кој има уште три години договор во француската престолнина и плата над 40 милиони евра, а за четири дена автоматски ќе му се продолжи соработката за уште две сезони во 2027 година.

„РМЦ Спорт“ објави дека и Нејмар е незадоволен во Париз, што не е ништо ново, зашто од доаѓање од Барселона брзо почнаа да се шират ваквите информации за негово незадоволство, иако тој постојано демантираше и потенцираше дека е среќен на „Паркот на принцовите“.

Сега Нејмар наводно се налутил после едно интервју на Насер Ал Келаифи, катарскиот газда кој иако директно не го прозва, изјави дека сака фудбалери кои даваат сто отсто и дека досега дел од фудбалерите не беа баш добри, додавајќи и дека секако ќе има некои заминувања.

Се вчитува...