Најскапиот фудбалер во историјата Нејмар објави дека на крајот од сезоната најверојатно ќе го напушти францускиот шампион, Пари Сен Жермен. Бразилецот кој „светците“ го платија 222 милиони евра имаше интересна изјава околу целите до крајот на сезоната.
„Цел ми е сезонава да освојам се што можам со Пари Сен Жермен и Бразил. Посебно сакам да ги освојам трофеите во Лигата на шампионите и Копа Америка и потоа да побарам нови предизвици“, изјави Нејмар.
Бразилецот долго се поврзува со враќање во Барселона, бидејќи се уште жали за тоа што го напушти шпанскиот шампион и премина во редовите на Пари Сен Жермен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА