Нејмар најде „правна дупка“ за ПСЖ да мора да го ослободи

Упорниот Нејмар и неговиот адвокатски тим се чини најдоа решение за Бразилецот да си замине од Пари сен Жермен следното лето и тоа клубот да не може да му прави проблеми. Шпанските медиуми откриваат дека „цаката“  е во Артиклот 17 од регулативата на ФИФА пропишана во Статутот за трансфери.

Според оваа точка воведена во 2001 година, фудбалер помлад од 28 години има право да го прекине догoворот по одработени три сезони. Ваков случај веќе има во 2008 година кога Енди Вебстер повикувајќи се не правилот го прекина договорот со Хартс и отиде во Виган.

Кога ќе ја одработи оваа сезона, Нејмар има рок од 15 дена по игригрувањето на последниот официјален натпрвар да го инфромира клубот дека сака да го раскине догворот. Потоа комисијата за спорови на ФИФА ќе ја одреди сумата која Нејмар му ја должи на ПСЖ за преостанатите години од договорот. Според проценките на адвокатите на Нејмар сумата би била некаде околу 170 милиони евра. Францускиот клуб ќе може да се обрати до Спортскиот арбитражен суд за потврда на оваа сума.

Нејмар и Барселона летово направија неколку неуспешни обиди за трансфер, но ПСЖ во ниту еден момент не се согласуваше за намалување на бараната сума.

 

 

Се вчитува...