Нејмар очајно сака да се врати во Барселона, петпати го контактирал клубот

Бразилската ѕвезда на Пари Сен Жермен, Нејмар сака да си замине од клубот за кој наводо тврдел дека нема добар спортски концепт. Желбата му е да се врати во Барселона и според дел од шпанските медиуми најмалку петпати контактирал со каталонскиот клуб.

Таткото на Нејмар имал и личен контакт со претседателот на Барселона, Жозе Бартомеу и му го понудил синот за кој рекол дека е многу нереќен во парискиот клуб.

Нејмар во Барселона мина четири сеозни, од 2013 до 2017 година. Бегајќи од статусот „сенка на Меси“ замина во Пари Сен Жермен.

Се вчитува...