Нејмар одбил нов договор од Пари Сен Жермен

Бразилскиот ас Нејмар не сака да потпише нов договор со Пари Сен Жермен, откри каталонскиот „Спорт“. Тој одбил нова соработка со „светците“ и најверојатно повторно ќе инсистира на заминување по завршувањето на оваа сезона. Нејмар имаше големи недоразбирања со раководството на клубот во пресрет на сезоната, но потоа мораше да се помири со фактот дека ќе остане уште една година во Париз.

Нејмар има актуелен договор со ПСЖ до 2022 година, а клупскиот менаџмент му понуди нова тригодишна верност со фантастични услови. Бразилецот доколку се согласи би заработувал околу 50 милиони евра годишно, но и со неверојанти бонуси за секој клупски успех. Сепак, Нејмар сака да го напушти „Паркот на принцовите“ и најверојатно би се вратил во Барселона.

ПСЖ им понуди нови договори и на Маркињос, Тијаго Силва, Верати, а засега е извесно дека ќе си заминат Кавани и Курзава.

Се вчитува...