Бразилскиот фудбалер Нејмар, поради обвинувањата за силување од страна на Најил Триндаде, би можел да остане без дел од спонзорите, што ќе значи повеќе милионска загуба за ѕвездата на Пари Сен Жермен. Раководстовот на еден од најголемите производители на спортска опрема „Најки“ изрази загриженост поради целиот случај.
„Многу сме загрижени поради неодамнешните обвиненија. Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата“, стои во соопштението од гигантот.
Мастер-кард исто така размислува да го раскине спонзорскиот договор со Бразилецот, а Мек Доналдс и Жилет веќе објавија дека немаат соработка со него. Покрај проблемите надвор од терените тој нема да настапи за Бразил на Копа америка, поради повредата на глуждот која ја заработи на пријателскиот меч против Катар
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА