Нејмар откри каде би можел да ја продолжи кариерата

Заминувањето на Нејмар од ПСЖ се почесто се споменува како можна опција. Со оглед на неговаа цена, мал е бројот на клубовите што се реална опција за ваков трансфер. Најчесто се споменува враќање во Барселона, трансфер во Реал Мадрид, Манчестер јунајтед или преселба во американската МЛС лига.

Деновиве Бразилецот со една негова изјава даде и насока која може да биде следната дестинација во неговата кариера.

„Не знам што ќе биде утре, но верувам дека секој врвен играч, кога-тогаш мора да заигра во Премиер лигата“ – рече Нејмар.

Нејмар се пресели од Барселона во ПСЖ за рекорден трансфер од 222 милиони евра.

Се вчитува...