Играчот на ПСЖ Нејмар ќе го пропушти натпреварот против Монпелје. Парискиот клуб извести дека Бразилецот нема да биде во можност да му помогне на тимот поради истегнување на мускулите. Мечот е на програмата утре.
За потсетување дека неговиот роденден е на 5. февруари кога полни 31 година. На почетокот на февруари минатата година исто така не играше поради повреда, но тогаш немаше играно од ноември.
Симптоматично е тоа што Нејмар речиси секоја година ги пропушта натпреварите на почетокот на февруари. Некои шпекулации одат дотаму што велат дека Бразилецот ги пропушта мечевите за да може да го прослави својот роденден во родниот Бразил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА