Нејмар: Ова веќе не е нормално, заслужувам повеќе почит

Бразилскиот фудбалер Нејмар ги нападна своите критичари, барајќи повеќе почит од бразилските навивачи и медиуми. Напаѓачот на ПСЖ во победата од 2:0 против Перу, во квалификациите за СП 2022 година запиша погодок и асистенција, но повторно беше мета на критики.

Навивачите му замеруваат на неговиот начин на живот, однесувањето на теренот, бројните расправии со противничките играчи и сметаат дека е предебел.

„Не знам што уште морам да направам во овој дрес за навивачите да ме почитуваат. Тоа веќе не е нормално. Понекогаш дури и не сакам да давам интервју, но во важните моменти ја преземам својата одговорност и ја извршувам својата должност“, додаде Нејмар, кој во дресот на бразилската репрезентација во 113 настапи постигна 69 гола.

Со цел да ги замолкне критичарите кои ја напаѓаат неговата тежина, откако минатата недела постигна погодок против Чиле, го подигна дресот и го покажа својот стомак. Нејмар живее во љубов и омраза со медиумите и обожавателите откако како тинејџерско чудо заигра во дресот на Сантос. Неговиот талент е неоспорен, но на многумина им смета неговото однесување на теренот и надвор од него.

„Тоа се случува веќе подолго време“, додаде Бразилецот.

Се вчитува...