Нејмар падна на најважниот испит – солзите говорат се

Нејмар замина од Барселона во ПСЖ за да биде лидер на францускиот гигант во походот по титулата во Лигата на Шампионите. Претходните години повреди го спречуваа да настапи на клучните натпревари на кои „светците“ беа елиминирани, но овојпат максимално подготвен го дочека завршниот турнир во Лисабон.

Бразилецот одигра извонредно против Аталанта, потоа имаше и асистенција при голот на Ди Марија против Лајпциг, но најголемите играчи се покажуваат на најголемите натпревари. А Нејмар денеска беше далеку од посакуваното ниво, што воедно е и една од главните причини што мрежата на Нојер не се тресеше, а ПСЖ го загуби финалниот натпревар.

Разочарувањето беше огромно, а солзите по мечот јасно покажаа колку бразилскиот генијалец ја посакуваше оваа европска круна. Има и за што да жали, со оглед на стопроцентната шанса што ја имаше во почетната фаза од финалето, со која целосно можеше да го промени текот на натпреварот.

Останува она „повеќе среќа следната година“, но Нејмар е свесен дека шанса како сезонава многу тешко ќе се добие.

Се вчитува...