Нејмар пак „пецка“: Најмила победа – кога го растуривме ПСЖ

Нејмар со секој потег се обидува дополнително да ги испровоцира челниците на ПСЖ да му дозволат трансфер назад во Барселона. Така, денеска тој се појави во јавноста со изјава за омилена победа во кариерата, неслучајно избирајќи ја онаа од 6-1 токму над сегашниот клуб ПСЖ во рамките од Лигата на шампионите.

Нејмар беше најдобар поединец на тој натпревар и неколку месеци подоцна се пресели во ПСЖ, што од сегашна перспектива е лош потег и за него и за „светците“ од Париз.

„Немам дилеми, најмила победа ми е онаа кога го растуривме ПСЖ со 6-1 во Лигата на шампионите. Никогаш немам доживеано такво нешто, тоа ми е најдоброто нешто што ми се има случено на еден натпревар“ – изјави Нејмар.

Се вчитува...