Нејмар: Пеле ме критикувал? А добро, што да прави на стари години…

Една од најголемите фудбалски легенди, Бразилецот Пеле повторно ја критикуваше ѕвездата на ПСЖ, Нејмар поради неговата постојано желба да „глуми“ на терен.

Но, Нејмар вели дека не се загрижува многу поради неговите критики…

„Пеле ме критикувал? Па добро, што да прави на стари години.Негово е да коментира, а да бидам искрен имаше и навистина интересни поенти. Но, ако треба да му одговорам тогаш ќе кажам дека никогаш не глумам на терен, а тоа е само мојата реакција кога ќе се најдам на удар на противниците. Го почитувам Пеле, но не ги одобрувам таквите критики кои се претерани од негова страна“ – вели Нејмар.

Бразилецот ги демантира и гласините дека сака да замине од ПСЖ…

„Приказните за трансфер се тука откако сум професионален фудбалер. Но, ништо конкретно не се случува во моментов“ – истакнува бразилскиот репрезентативец.

Се вчитува...