Нејмар плачел два дена кога му кажале колку време нема да игра фудбал

Бразилската ѕвезда на Пари Сен Жермен, Нејмар раскажа дека многу тешко ја прифатил информацијата за сериозноста на повредата која го принуди на пауза од фудбалот. Нејмар се повреди на дуелот од Купот против Стразбур и ќе паузира околу еден месец.

„Кога се повредив првпат си реков дека морам да се вратам најбрзо што може. Сега ми беше многу потешко и покомпликувано. Тешко ја прифатив ситуацијата. Плачев два дена.  Лекувањето штотуку почна. Ова ќе биде долго патување и ќе имам победи ден по ден. Тешко е да се биде надвор од фудбалот. Ланското искуство ме направи посилен“ – вели Нејмар.

Напаѓачот на ПСЖ покрај дуелите од француското првенство ќе го пропушти и осминафиналниот реванш во Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед. Најавите се дека би можел да биде подготвен за четвртфиналните средби во елитното натпреварување.

 

Се вчитува...