Бразилската ѕвезда Нејмар вчера се повреди во Сент Етјен пред крајот на мечот и на носилки беше изнесен од теренот, а потоа на патерици и со лонгета го напушти стадионот, по што веќе е извесно дека за него оваа година е завршена, но колкава ќе биде паузата ќе одговори дијагнозата после лекарските прегледи.
Нејмар го повреди скочниот зглоб, по што со болен крик и болна гримаса беше изнесен од теренот, а после повредата, тој се јави со коментар потенцирајќи дека ваквите повреди се дел од спортот и од животот на еден професионалец.
„Ќе закрепнам! За жал ваквите удари и повреди се дел од животот на секој спортист, но тоа е што е. Сега морам да ја кренам главата и да продолжам понатаму. Ќе се вратам подобар и посилен“, објави Нејмар.
Допрва ПСЖ ќе треба да објави детално за повредата и колкава ќе биде паузата на бразилската ѕвезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА