Нејмар по свирежите во Париз: Сега секој натпревар ќе ми биде гостински

Бразилецот Нејмар по крајот „театарот“ околу неговата враќање во Барселона, повторно се најде во дресот на ПСЖ. И со прекрасен гол во 92. минута донесе триумф за парижаните против Стразбур во Лига 1.

Нејмар беше херој во триумфот на ПСЖ, но во текот на целиот натпревар постојано беше пратен со свирежи од трибините во Париз. Навивачите на неговиот клуб не му простуваат за огромната желба да си замине од ПСЖ…

„Немам никаква порака за навивачите. Ги разбирам. Ако сакаат да ми свират може тоа слободно да го прават, но не мораат да се фокусираат на мојот случај толку. Сепак ние сме тим. Како и да е, ми се чини дека сега за мене секој натпревар сезонава ќе биде гостински“ – истакна Нејмар по средбата со Стразбур.

 

Се вчитува...