Нејмар поради суспензија ја заврши сезоната

Бразилскиот ас Нејмар заработи суспензија од три натпревари од Француската фудбалска федерација поради големиот испад по финалето во Купот откако физички нападна навивач на Рен при доделувањето на медалите. Суспензијата значи дека сезоната за Нејмар е завршена. ПСЖ го загуби финалето, а ѕвездата својата фрустрација ја покажа пред очите на јавноста.

Нејмар ќе мора да паузира три натпревари, а заработи уште два натпревари условна казна, кои би се активирале доколку Бразилецот евентуално повтори ваков или сличен инцидент.

Се вчитува...