Нејмар ова лето би можел да замине од редовите на ПСЖ. Бразилскиот фудбалер е мета на навивачите кои не се задоволни од неговото залагање на трененот, ниту пак од неговото однесување, а и раководството на клубот сака да го продаде на лето.
Но, 31-годишникот кој пристигна за ПСЖ за 222 милиони евра во 2017 година има само една дестинација на умот, пренесуваат англиските медиуми.
Тоа е Манчестер Јунајтед од каде постои интерес за негов ангажман, но за истиот да се случи Нејмар ќе мора да прифати големо намалување на примањата во однос на тие кои ги добива од „светците“ со оглед на тоа што „црвените ѓаволи“ не можат да си ја дозволат вртоглавата неделна плата на напаѓачот од речиси милион фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА