Нејмар: Сакам да играм заедно со Азар

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Бразилецот Нејмар, изјави дека сака да игра во ист тим со Еден Азар. За услугите на ѕвездата на лондонскиот Челси, најзаинтересиран е од Реал Мадрид, а по изјавата на Нејмар повторно почнува да се говори и за негов премин во „кралскиот клуб“.

„Сакам да играм со Еден Азар. Тој има стил сличен на мојот. Би сакал да видам како би било да играме во еден тим. Би направиле хаос заедно“, изјави Нејмар. 

По очајната сезона во која уште во февруари Реал Мадрид ги загуби шансите за освојување на трофеј, се очекува голема реконструкција на тимот. Тренерот Зинедин Зидан ќе се обиде да доведе неколку квалитетни засилувања.

Се вчитува...