Нејмар: Сакам еден ден да играм во САД, првенството е кратко, има 3-4 месеци одмор

Во подкастот „Феномена“, бразилскиот фудбалер Нејмар ја разбранува јавноста откако најави дека би сакал да игра во САД. Фудбалерот на ПСЖ неколку пати беше поврзуван со враќање во Барселона, меѓутоа веројатно од тоа ќе нема ништо. Нејмар потајно најавува дека сака да игра во МЛС лигата во САД, затоа што првенството било многу кратко, и би имал повеќе време за одмор.

На 30 години и договор кој му важи уште три години, Нејмар веќе размислува за следните чекори.

„Навистина сакам да играм во Сантот. Она што ми недостасува е играњето во овој клуб, и на тој прекрасен стадион“, рече Нејмар.

Меѓутоа тој искажа дека би сакал да заигра и во САД.

„Многу сакам да играм во САД, барем една сезона. Тоа е кратко првенство, имате 3-4 месеци одмор“, призна тој.

Се вчитува...