Нејмар: Се чувствувам добро во Париз, мојата главна цел е Лигата на шампионите

Пред полуфиналето во Лигата на шампионите со Манчестер Сити, најдобриот фудбалер на Пари Сен Жермен, Нејмар изјави дека неговиот тим има се што е потребно за да го освои највредниот европски трофеј, и дека ова е најголемата цел во неговата кариера.

Бразилецот потенцираше дека има големат почит кон Гвардиола и Манчестер Сити, но дека тој и неговите соиграчи се одлично подготвени за оваа последна пречка која води до пласман за финале во Лигата на шампиони.

„Ќе биде тежок натпревар. Нема лесни противници. Манчестер Сити е одличен тим со многу квалитетни играчи. Не очекува тежок натпревар каков што имавме и со Баерн. Но, добро се подготвивме и ќе го дадеме најдоброто од нас за да се пласираме во финалето“, изјави Нејмар.

На Нејмар, но и на многу богатиот клуб Пари Сен Жермен му недостига титулата европски шампион. Бразилецот освои една, но пред шест години со Барселона, и оттогаш е многу далеку од кревање на овој трофеј.

„Овде сум добро. Мојата главна цел е Лигата на шампионите, а не Златната топка. Она што го сакам е да ја освојам Лигата на шампионите, бидејќи тоа би направило промена во мојот живот и кариера. Кога дојдов тука, приоритет беше Лигата на шампионите, да бидам меѓу најдобрите. Минатата година бевме во финалето за прв пат во историјата, а денес сме меѓу најдобрите четири. Работиме подобро и играме сè подобро и подобро, а покрај сè што се случи оваа година, имаме сè што ни треба за да бидеме шампиони “, изјави Бразилецот.

Се вчитува...