Нејмар се лути, Навас со „нинџа“ потези, Меси конечно погоди, ПСЖ некако победи (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен во еден луд натпревар успеа да триумфира над Нант со 3-1 во 14. коло од француската Лига 1. „Светците“ уште во 2. минута дојдоа до водство од 1-0 со голот на Килијан Мбапе и кога личеше дека ќе ја напунат можеби и до врв мрежата на Нант почна интересното во мечот.

Прво резултатот остана истиот од втората минута, а во 65. по еден „нинџа потег“ Кејлор Навас доби директен црвен картон. Три минути подоцна Маурисио Покетино реши да го извади Нејмар како би го зачувал водството по што, Бразилецот беше многу лут. Гостите во 76. минута израмнија на 1-1 преку Коло Муани, а да биде се уште потрагично ПСЖ дојде до ново водство со автоголот на Апија во 82. минута.

Конечните 3-1 ги постави Лионел Меси со својот прв гол во Лига 1 во 87. минута.

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...