Нејмар се подалеку од враќање во Барселона, повторно го тужеше клубот, бара 3 милиони фунти за неисплатени плати

Нејмар повторно ја тужи Барселона тврди шпанскиот „Ел мундо“. Брзилецот од каталонскиот клуб бара 2,9 милиони фунти за наводни неисплатени плати за четиргодишниот престој во клубот. Ова е дополнување на барањето според кое Нејмар тврди дека клубот му должи 36,2 милиони фунти за бонуси.

Нејмар го обвинува претседателот на Барселона, Хозе Марија Бартомеу дека се однесувал со „апсолутна лоша волја“ откако тој замина во ПСЖ за рекордни 198 милиони фунти летото во 2017 година. Од друга страна и Барселона смета дека Нејмар и должи пари од првиот дел од бонусот за продолжување договор како и дополнителни седум милиони фунти за штети и камати.

Нејмар во Барселона додје во 20103 година од Сантос, освои две титули во Ла Лига и во Лигата на шампионите, а во 2017 година контроверзно си замина. Минатото лето беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид, но и со враќање во Барселона.

Се вчитува...