Нејмар се помири: Останува во ПСЖ уште една сезона

Нејмар денеска ќе патува за САД за да се приклучи на подготовките на бразилската репрезентација, но големиот ас претходно им соопштил на челниците на ПСЖ дека е подготвен да ги закопа „воените секири“ и да остане на „Паркот на принцовите“ до крајот на сезонава.

Бразилецот направи вистински хаос во клубот откако од почетокот на летото стави до знаење дека нема намера да остане, но и дека Барселона е единствениот клуб со кој сака да преговара, затворајќи ја на тој начин вратата за Јувентус и за Реал Мадрид. Проблемот е во тоа што каталонскиот гигант веќе потроши над 250 милиони евра на нови фудбалери, па не можеше да си дозволи уште една „ѕвезда“ во истиот преоден рок, особено ако се знае дека ПСЖ инсистираше на отштета од над 200 милиони евра.

Веснико „Л’Екип“ објави дека Нејмар имал кратка средба со директорот Леонардо, на која соопштил на клупската управата дека ги разбира причините за неуспешните преговори со Барса и дека сака да остане во ПСЖ. Во ситуација кога повредени се Мбапе и Кавани, присуството на Нејмар ќе му биде од огромна помош на тренерот Тухел при почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите, но и за натпреварите од француското првенство.

Се вчитува...