Нејмар се премисли: Порака до ПСЖ – пуштете ме да се вратам во Барселона

Нејмар долго време глумеше дека е среќен и добро заработуваше во ПСЖ, откако минатото лето бразилскиот напаѓач беше ставен на трансфер-листа, но одби да си замине од „Паркот на принцовите“. Овојпат ситуацијата е поинаква, откако Нејмар во меѓувреме се премисли и реши да си замине од клубот, за одлуката информирајќи го и претседателот Насер ал Келаифи. Како што јавува весникот Л’Екип, првиот човек на ПСЖ бил изненаден од ставот бидејќи очекувал Нејмар да остане по доаѓањето на Луис Енрике за тренер.

Сепак, Бразилецоте разочаран од случувањата во ПСЖ, заминувањето на Меси од клубот, но најмногу од се, Нејмар не се чувствува заштитено од клупската управа, откако навивачите неколку пати во текот на сезоната организираа протести пред куќата на Бразилецот барајќи тој што поскоро да си замине.

Крилниот офанзивец во меѓувреме се рехабилитираше од повредата, одигра неколку контролни средби, по што на средба со Ал Келаифи лично го информирал претседателот за желбата да си замине. Притоа, Бразилецот не ја крие својата желба да се врати назад во Барселона, клубот од каде за 222 милиони евра пристигна во ПСЖ.

На потег е Ал Келаифи, кој минатото лето самиот сакаше, но не успеа да го продаде Нејмар. Сега кога Меси си замина, а Мбапе е отстранет од првата екипа, ПСЖ би можел да остане без целокупното голгетерско трио ако и Нејмар добие зелено светло за трансфер.

Платата од 30 милиони евра годишно сигурно ќе претставува проблем за каталонците, па останува да се види дали Бразилецот би се согласил и на намалување на заработувачката само за да замине на „Камп Ноу“. ПСЖ и Барселона во меѓувреме преговараат и за Дембеле, па лесно може да се случи и да дојде до размена на овие двајца офанзивци.

Се вчитува...