Нејмар се приклучи на ПСЖ на турнејата во Кина

Бразилскиот интернационалец Нејмар се приклучи на францускиот првак Пари Сен Жермен на турнејата во Кина. Тој последниот меч за „светците“ го одигра во февруари, кога заработи скршеница на стапалото и паузираше до крајот на сезоната. Успеа навреме да се опорави за настап на Светското првенство во селекцијата на Бразил, но со „кариоките“ не оствари посериозен успех.

Нејмар в сабота најверојатно ќе добие одредена минутажа од новиот тренер Томас Тухел на дуелот со Монако, во рамките на „Трофејот на шампионите“. Тој до повредата имаше 30 натпревари во дресот на ПСЖ, на кои постигна 28 гола.

 

Се вчитува...