Нејмар се збогуваше со Меси: „Брат, жал ми е, не испадна како што планиравме…“

Лионел Меси го одигра последниот натпревар во дресот на Пари Сен Жермен, не успевајќи да ја постигне целта за која беше доведен пред две години – трофејот во Лигата на шампионите.

Меси, кој од поодамна најави заминување од „Паркот на принцевите“ и викендов беше исвиркуван од фановите на ПСЖ на последниот натпревар. Заедно со својот близок пријател Нејмар воопшто не ги поздравија навивачите на крајот од сезоната, па сето тоа најавува дека ова лето од клубот најверојатно заминува и Бразилецот.

Нејмар се збогуваше со Меси по неговиот последен дуел, истакнувајќи дека не испаднала оваа идеја со ПСЖ како што планираа, но барем се обидоа…

„Брат…, жал ми е, не излезе како што мислевме, ама се пробавме. Беше задоволство да минам уште две години со тебе. Со среќа во новата етапа и биди среќен. Те сакам“ – напиша Нејмар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NJ 🇧🇷 (@neymarjr)

Се вчитува...