Нејмар со нова објава на Твитер предизвика жестоки реакции од навивачите на ПСЖ

Бразилецот Нејмар повторно се најде на жесток удар на француската спортска јавност и навивачите на ПСЖ откако изминативе денови најпрво се дружеше со соиграчите на Барселона, а потоа си присуствуваше и на Дејвис куп меч во Мадрид во друштво на Жерард Пике.

За неговото однесување денеска зборуваше и тренерот на ПСЖ, Томас Тухел кој едноставно порача дека не може да биде и негов татко, а ни полиција.

А, откако Нејмар ги виде сите тие критики на француската јавност и навивачите на ПСЖ се одлучи и уште дополнително да се огласи на социјалните мрежи, со желба да покаже дека не се оптоварува што се зборува за него.

„Во секој живот имате неволји, но кога се грижите поради тоа тогаш се чувствувате уште полоши. Затоа не грижете се, бидете среќни“ – порача Нејмар на Твитер, и веднаш доби дополнителни жестоки навреди од навивачите на ПСЖ во коментарите по неговата објава.

 

Се вчитува...