Нејмар со врати со спектакуларен гол, ПСЖ во 92. минута се спаси од бламажа

ПСЖ неочекувано тешко дојде до победа од 1-0 против Стразбур во 5. коло од Ла Лига, благодарение на голот на Бразилецот Нејмар во 92. минута.

Во натпреварот кој го одбележа враќањето на Бразилецот Нејмар во составот на ПСЖ по четири месеци, „светците“ долго се мачеа против Стразбур и покрај бројните шанси во текот на 90 минути. Токму најголем број од можностите за погодок ги имаше бразилскиот репрезентативец, но не успеа да погоди од одлични шанси во 55. и во 77. минута а во 85. минута директно од корнер ја погоди гредата од голот на гостите. Конечно Нејмар стрелаше во 92. минута реализирајќи со спектакуларен гол со ножички…


ПСЖ играше без повредените Кавани и Мбапе во нападот.

Се вчитува...