Нејмар: Тухел може да го одведе ПСЖ до врвот на Европа

Нејмар има максимално високо мислење за Томас Тухел, давајќи му поддршка на германскиот стратег да успее во зацртаната цел во која неговите претходници не успеаја – да го искачи ПСЖ на врвот од Лигата на шампионите. Токму по разговорите со новиот тренер Нејмар се премисли и реши најмалку уште една сезона да остане во Париз, одлука што Бразилецот ја смета за вистинска.

Тухел ни донесе нешто ново, цело време сака да ја унапредува нашата игра. Се видов себе си во неговите планови по само неколку разговори. Имаме заедничка цел – да направиме историски успех. Искрено верувам дека тој може да го одведе ПСЖ до врвот на Европа, Тухел е роден победник, знае што сака и знае како да го пренесе тоа врз фудбалерите“ – истакна Нејмар.

Бразилскиот генијалец настапуваше како крилен офанзивец кај Унаи Емери, но сезонава има поинаква улога во тимот на „светците“.

Многу повеќе играм како „десетка“ отколку како крило. Тренерот сака да играм повнатре, почесто да ја имам топката, а јас секогаш ги слушам наредбите од клупата. Веќе играв на таа позиција и во Сантош и на одредени средби во Барселона, сакам да бидам лидер, но и да му потчинам на тимот кога ќе треба. Независно од позицијата на која тренерот ќе ме стави, верувам во ПСЖ бидејќи имаме одлични играчи кои ќе ни помогнат успешно да ја минеме сезоната“ – оптимист е Нејмар.

 

Се вчитува...