Нејмар веќе загуби пет милиони евра

Нејмар ја продолжува војната со ПСЖ откако им порачал на челниците на францускиот клуб дека нема намера повеќе да настапува за „светците“, зголемувајќи го притисокот за да биде продаден назад во Барселона. Сепак, инаетот што го води значи и сериозна финансиска загуба за Бразилецот, кој во последниот месец остана без пет милиони евра.

ПСЖ нема да му исплати на Нејмар два милиони евра од „клаузулата за добро однесување“, откако голгетерот во неколку наврати го наруши имиџот на клубот. Покрај тоа, Нејмар нема да добие ниту три милиони евра, откако не се најде на листата на ФИФА меѓу десетте најдобри фудбалери за сезоната 2018/2019.

„Светците“ без оглед на притисокот од голгетерот немаат намера да попуштат во преговорите со Барселона, па не се исклучува можноста мизеријата на Нејмар да стане уште поголема, тој да остане во Париз и да тренира со младинците, нешто што минатата сезона се случи со Адриен Рабио кога овој фудбалер влезе во конфликт со управата на францускиот шампион.

Се вчитува...