Нејмар во Челси, тоа веќе не е невозможна мисија

ПСЖ интензивно бара купец за Нејмар, во обид да се ослободи од еден од најплатените фудбалери во тимот кој не ги оправда очекувањата. Нејмар е најскап фудбалер на сите времиња по трансферот од Барселона вреден 222 милиони евра, но Бразилецот долго време ги фрустрираше челниците, тренерите и соиграчите со непрофесионалниот живот, за да биде донесена одлука тој летово да биде продаден. За таа цел е ангажиран и суперагентот Пини Захави, кој има за задача да најде купец за скапиот Бразилец и да договори трансфер од кој сите би биле задоволни.

Според првичните информации, премиерлигашот Челси е клубот што во моментов покажува најсериозен интерес за да го доведе Нејмар во своите редови. Милијардер Боели потроши премногу пари изминатата година, но не донесе врвен напаѓач на „Стемфорд бриџ“, па американскиот газда ќе настојува тоа да го промени летово. Веќе е договорено доаѓањето на Нкунку од Лајпциг, но Боели не се откажува од намерата во својот клуб да го види и Нејмар.

Боели и Захави разговараа на истата тема и минатото лето, газдата на Челси подготви и понуда до ПСЖ, но се пропадна поради желбата на Нејмар да остане во Париз. Тоа веќе не е случај, Бразилецот е решен да го следи Лео Меси низ излезната врата, но истовремено на Нејмар му е јасно и дека нема премногу опции на маса.

Останува да се види дали Челси ќе успее да го искористи тоа за да го убеди бразилскиот генијалец да дојде во Лондон, не жалејќи пари за таа желба да ја оствари.

Се вчитува...