Нејмар во конфликт со Ал Келаифи… за Дани Алвеш

Нема да му биде лесно на ПСЖ да го задржи Нејмар на „Паркот на принцовите“ откако Бразилецот веќе почна да искажува „специјални желби“ и да влегува во конфликт со раководството на францускиот шампион.

Овојпат причина за незадоволството на Нејмар е Дани Алвеш, поточно скромната понуда што клубот му ја испратил на десниот бек во преговорите за нов договор. Во Париз веќе е „јавна тајна“ дека Тухел не го сака Алвеш во тимот, па клубот „културно“ му се заблагодарува нудејќи му неприфатливи услови, но во целата ситуација навреден се чувствува и Нејмар.

Бразилецот му се пожалил на претседателот Ал Келаифи дека Алвеш не заслужува таков третман, но и му посочил дека „тој самиот ќе  биде многу посреќен доколку дефанзивецот остане во Париз“. Пораката е јасна, но првиот човек на клубот му испратил порака на Нејмар кој е задолжен за трансферите и за преговорите за нови договори во ПСЖ.

Нејмар нема да биде среќен ако сонародникот си замине, а тоа може да биде најава за негов камбек во Шпанија, но во редовите на Реал Мадрид.

Се вчитува...