Нејмар во нов конфликт со соиграчите – Кој си ти да ми се обраќаш?

Бразилската ѕвезда Нејмар не е омилен меѓу соиграчите во Пари Сен Жермен, особено по финалето во купот на Франција што неговиот тим го загуби од Рен по изведување на пенали. Бразилецот по мечот ги критикуваше Преснел Кимпембе и Алфонсо Ареола бидејќи се виновни за поразот, а според последните информации влегол во конфликт и со германскиот репрезентативец Џулијен Дракслер. Дракслер наводно му приговарал бидејќи е себичен, на што Нејмар остро му возвратил.

„Кој си ти да ми се обраќаш? Ти си тука само да ми ја вратиш топката“, му возвратил Нејмар со повишен тон. 

Конфликтот морал да ја смируваат соиграчите, на чело со тренерот на тимот Томас Тухел. Сезонава за дрим-тимот од Париз помина разочарувачки, откако влегоа како фаворити за освојување на сите трофеи, а на крајот се задоволија само со титулата во Лига 1.

Останува да се види дали Нејмар ќе остане во ПСЖ и во наредната сезона или ќе биде продаден во текот на летниот преоден рок.

Се вчитува...